Во домот на велешанка пронајдена дрога

Објавено на 27 декември, 2023 во 11:18

Триесет годишната велешанка М.А и триесет и четири годишниот П.Т од Велес, вчера, биле лишени од слобода од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес.

-При претрес во домот на М.А., каде бил затекнат П.Т., извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со темно кафеава течност, додека при личен преглед кај М.А. била пронајдена и одземена марихуана, соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на СВР Велес.

Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По
целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.