Во храмот „Св. Великомаченик Пантелејмон“ централното велигденско одбележување во Велес
Централното одбележување на најголемиот христијански празник Велигден годинава ќе се одржи во храмот „Св. Великомаченик Пантелејмон“ во Велес каде со Златоустовата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски Господин Агатангел. Одбележувањето ќе започне во 23:00 часот. Во сабота вечерта, спроти недела, исто така литургија ќе се служи и во црквите „Св. Кирил и Методиј“, „Вознесение Христово“ и „Св. Јован Крстител“.
Во чест на празникот во сите духовни храмови завршуваат подготовките кои се посветени на симболичното означување на Христовото страдање и воскрсение.
Верниците кои постеле во изминатите седум недели причесна ќе можат да земаат по литургиите во четврток и сабота наутро, поточно по завршувањето на обредот во ноќта меѓу сабота и недела.
Во сите храмови на МПЦ ОА во Велес и Повардарска Епархија ќе се служат литургии и тие ќе бидат отворени за граѓаните – верници.
На сајтот на Повардарска Епархија објавен е распоредот и времето на започнување на сите литургии.
Убавка Јаневска