Во куќа во Велес се запалиле осигурувачи, пожарникарите спречиле голема штета
Објавено на 8 ноември, 2023 во 09:40

Територијалната противпожарна единица Велес, вчера, на 7 ноември, во 22:00 часот примила повик дека во куќа на улица Коле Цветков број 104 се запалени осигурачи.
Со едно против пожарно возило и четворица пожарникари на лице место интервенирале и со брзата реакција спречиле пожарот да се прошири и да направи поголема штета.
Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните доколку забележат пожар да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 112.
Стефани Манева
