Во Општина Градско реконструкции на улици и локални патишта – до село Виничани и до манастир „Св. Архангел Михаил“

Општина Градско обезбеди средства од Светска банка преку Министерството за Транспорт и врски за реконструкција на локалниот пат до село Виничани и за реконструкција на улица „Јане Сандански“ во населба „Стопанство” во Градско.
За патот долг 1.106 метри обезбедени се вкупно 9 милиони 435 илјади 439 денари и за реконструкција на улица „Јане Сандански“ во населба „Стопанство” во Градско долга 817,5 метри во вкупен износ 7 милиони 403 илјади 443 денари.
Исто така, општината ќе гради пристапен локален пат од селот Долно Чичево до Манастир „Свети Архангел Михаил“ во должина од 952,62 метри со вкупна вредност од 6 милиони 599 илјади и 997 денари. Манастирот е еден од најубавите верски храмови кој може да се пофали нашата земја. Средствата се обезбедени од Министерство за локална самоуправа додека општина Градско ќе учествува со кофинансирање од 10%.
Во изградбата на пристапниот пат ќе учествува и компанијата „МИ-СА“ со сопствени средства за изградба на 340 метри од патот.
Исто така, на територијата на општината годинава во тек на реализација 11 клучни проекти.
Убавка Јаневска
