Во сообраќајка, во центарот на Кавадарци, тешко повредени момче и девојче
Објавено: 7 септември, 2021, во 10:10 часот
Од вкупно тројца повредени млади луѓе во сообраќајка што се случила ноќеска во Кавадарци, девојка и момче со потешки повреди се пренесени на лекување во скопските клиники.
Тоа е епилогот на сообраќајната несреќа што се случила помеѓу велосипед и мотор на улица во центарот на Кавадарци, пред ООУ„Димката Ангелов Габерот“. Интервенирала медицинска екипа на Итна помош. По укажана прва помош и поради сериозноста на здобиените повреди, едно момче и една девојка, се транспортирани на скопските клиники.
Ангел Данов




