Во велешка болница 15 ковид пациенти на кислородна поддршка
Објавено: 7 декември, 2021, во 10:40 часот
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 31 ковид пациенти од кои 18 се потврдени позитивни, еден пациент е сомнителен и 10 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Во изминатите 24 часа примени се двајца пациенти на болничко лекување. Од хоспитализираните пациенти 15 се на кислородна поддршка, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На Инфективно одделение се лекуваат 25 пациенти и на Интерно Б одделение шест пациенти.
Стефани Манева




