Во велешка болница, денеска, вкупно 49 ковид пациенти
Објавено на 28 октомври, 2021 во 12:43

Во изминатите 24 часа тројца нови болни од Ковид-19 се примени во Општа болница Велес. Со нив денеска вкупниот број на хоспитализирани изнесува 49 од кои позитивни се 31 пациенти додека бројот на негативни ковид болни изнесува седум но тие сеуште се зависни од болничка нега.
-По 21 пациенти се лекуваат во Инфективно одделение и во Модуларнаболница додека седум пациенти на Интерно одделение . Од вкупниот број 22 пациенти се на кислородна поддршка, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.
Од болницата денеска испишани се шест пациенти со по еден негативен тест.
Убавка Јаневска
