Во велешка болница хоспитализирани 11 ковид пациенти
Објавено на 8 април, 2022 во 11:13
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 11 ковид пациенти од кои тројца се потврдени позитивни, пет се сомнителни и тројца пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат шест и на Интерно одделение пет пациенти, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница.
На кислородна поддршка се четворица пациенти.
Во изминатите 24 часа на болничко лекување примен е еден пациент.
Стефани Манева