Во велешка болница се лекуваат 56 ковид пациенти
Објавено на 9 ноември, 2021 во 12:12
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 56 ковид пациенти од кои 40 се потврдени позитивни, шест пациенти се сомнителни и 10 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од позитивните пациенти 19 се лекуваат на Инфективно одделение, еден пациент на Интерно одделение и 20 пациенти во Модуларна болница, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На континуирана кислородна поддршка се 24 пациенти од нив четиринаесет на Инфективно одделение, на Интерно одделение тројца и во Модуларна болница седум ковид пациенти.
Во текот на денот примени се седум нови пациенти од кои еден се лекува на Инфективно одделение и шест пациенти во Модуларна болница.
Стефани Манева