Во велешка болница се лекуваат девет ковид пациенти
Објавено на 18 март, 2022 во 13:05
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани девет ковид пациенти од кои тројца се потврдени позитивни и шест пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат пет и на Интерно одделение четворица, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница.
На кислородна поддршка се пет пациенти.
Во изминатите 24 часа на болничко лекување примен е еден пациент.
Стефани Манева