Волонтери на Црвен крст Велес делеа флаери за превенција на дијабет
Двајца волонтери од клубот на млади на велешки Црвен крст, денеска, низ улиците во Велес делеа флаери со едукативна содржина за превенција на дијабет. На самите флаери беа напишани симптомите коишто се појавуваат за оваа болест, ризик факторите за дијабетес, компликациите коишто ги има болеста, начините на кои може да се спречат како и правилниот начин на исхрана и препораки за здрави животни навики во процесот на превенција.
-Освен флаери на повеќе фрекфентни локации во градот беа поставени и постери за превенција на дијабет, а истите се поставија и во неколку здравствени установи во Велес, пишува во соопштението на велешки Црвен крст.
Инаку оваа активност е дел од проектот „Превенција на дијабет и дебелина кај постара популација за здраво стареење“.
Стефани Манева