За шест сантиметри е намален водостојот на река Вардар во Велес
Нивото на водостојот на река Вардар, во подрачјето на општина Велес, во текот на вчерашниот ден изнесуваше 156 сантимети, додека денеска намалена е за шест сантиметри покажуваат последните мерења на Управата за хирдометеоролошки работи. Мерењата се направени во 07:30 часот. Исто така, нивото на реката Вардар во Демир Капија денеска бележи покачување за 20 сантиметри, во споредба со вчерашниот ден, кога изнесуваше 182 сантиметри.
Од претходните соопштенија коишто ЦУК деновиве ги објавуваше, во средата на 25 јануари, беше побарано да се намали истекот на водата од хидроакумулациите Козјак и Матка за време на поплавниот речен бран на Вардар, со цел да се заштити населението од поплава во општините Зелениково и Велес.
Во текот на ноќта, на 26 јануари, немаше врнежи од дожд и имаше оптимално намалено, контролирано производство на електрична енергија. Со помалото испуштање на водата од браните „Козјак“ и „Матка“, водите во Вардар, во еден дел се повлекоа и се намали можноста од поплавување на Зелениково и во велешко.
Управата за хидрометеоролошки работи преку временската прогноза за викендов најавува променливо облачно и студено време, на места со провејување на снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повадардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во следните денови ќе се задржи студено време, со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата а услови за повреден снег ќе има во вторник.
Инаку, било која појава или случај што претставува загрозување на граѓаните и материјалните добра во државата може тоа да го пријават на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК.
Стефани Манева