Задржана на болничко лекување велешанката којашто вчеравечер беше повредена во сообраќајна незгода во населба „Речани“
Седумдесет и осум годишната жена којашто вчеравечер беше извадена од возило со помош на пожарникари, по судир помеѓу автомобил и камион во населба „Речани“, е задржана на болничко лекување во ЈЗУ Општа болница Велес. Жената добила помош на лице место од лекар и медицинска сестра на Итна медицинска помош по што била пренесена во велешка болница.
-Во 22:30 часот во просториите на Ургентна единица на ЈЗУ Општа болница Велес донесена е пациентка родена 1946 година, поточно на возраст од 78 години од Велес. Пациентката е упатена кон радио дијагностика каде и се направени снимања на глава, кичма и потоа е упатена на доиследување на компјутерска томоградија при што е констатирана повреда на пршленско тело и е задржана на понатамошно лекување на Одделот за ортопедија и трауматологија, соопшти Марина Андова портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.
Сообраќајната незгода во Сектор за внатрешни работи Велес била пријавена во 22:00 часот.
-На 22.07.2024 околу 22.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Академик
Пенчо Давчев“ во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „сканија“ и
приколка „шмитз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ѓ.(38) од Велес и патничко
возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.Ш. од Велес. Во
несреќата со телесни повреди се здобила С.Ш.(78) од Велес, констатирани во болницата во
Велес, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Стефани Манева