Загина 35 годишен маж од уривање на ѕид во велешко
Објавено на 16 август, 2022 во 10:58
Во Итна медицинска помош Велес вчера, бил пренесен триесет и пет годишниот Ј.У од село Горно Јаболчиште којшто се здобил со тешки повреди при пад на потпорен ѕид. Тој набрзо им подлегнал на повредите.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека случајот во Полициска станица Велес бил пријавен вчера, во 11:30 часот.
– Според пријавеното, со повредите се здобил при пад на потпорен ѕид, додека со неговиот брат Р.У.(37) го расчистувале дворот, соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
Оттаму додаваат дека увид извршила увидна екипа од СВР Велес додека по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.
Стефани Манева