Заматена водата за пиење во Кавадарци, се препорачува да се преврива
Објавено на 24 јануари, 2023 во 13:09
Поради обилните дождови на изводите Лукар, има заматување на водата за пиење од градскиот водовод, соопштија денеска од Јавно претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци.
– Се препорачува во следниот период превривање на водата која се користи за пиење, додека не објавиме дека водата е исправна за пиење, соопштија од комуналното претпријатие, пишува во фејсбук објавата на ЈП „Комуналец“.
Стефани Манева