Жена пешак удрена од возило во Велес – задржана на болничко лекување

Објавено: 3 октомври, 2025, во 14:51 часот

Осумдесет и едно годишната Б.Ј од Велес се здобила со тешки телесни повреди откако била удрена од патничко возило „фолсваген поло“ кое го управувал шеесет и две годишниот велешанец Ѓ.П. Пешакот бил удрен на улица „8 Септември“ а повредите и биле констатирани во Општа болница Велес.

-Пациентката се здобила со скршеница на ногата и е задржана во болница на болничко лекување, соопшти д-р Ванчо Граматов портпарол на Општа болница Велес.

Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, незгодата била пријавена во 18:20 часот и по овластување на Јавен обвинител бил извршен увид од увидна екипа од СВР Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.