Жител на Чашка измамен за сума од 18.500 денари
Објавено на 11 јануари, 2023 во 12:53
Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека шеесет годишен жител на Општина Чашка, вчера, во 15:30 часот пријавил во Полициска станица дека е измамен од едно лице за сума од 18.500 денари.
Според пријавеното, лицето му се јавило и му побарало услуга, а требало да се договорат во Скопје, каде што лицето имало магацин. Тој побарал од него при доаѓањето во Скопје да се сретне со друго лице и да му ја даде сумата од 18.500 денари кои ќе му ги врати откако ќе се сретнат.
Како што е пријавено, откако ги дал парите и пристигнал во Скопје повеќе пати се обидел да стапи во контакт со лицето, но не му одговорал на повиците. Тогаш сфатил дека е измамен.
Се работи на расчистување на случајот.
Стефани Манева