Жител на неготинско село пријавил оштетување на возилото од страна на невенчаната сопруга

Објавено на 1 септември, 2024 во 16:49
Фото: Архива на Дума.мк, полициска станица Неготино

Во полициската станица во Неготино жител на неготинско село вчера вечер ја пријавил невенчаната сопруга за оштетеното возило. 

– Вчера вечер,  во 19:40 часот, во ОВР Неготино било пријавено дека во градот бил нарушен јавниот ред и мир со агресивно однесување и расправија помеѓу Б.Д.(53) и неговата невенчана сопруга А.М.(19), двајцата од неготинско село, по што Б.Д. пријавил дека А.М. со тврд и остар предмет му го оштетила  неговото патничкото возило „мицубиши“. По целосно документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираше портпаролката Биљана Ѓаковска.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.