Фудбалерките на „Борец“ го декласираа тимот на „Истатов“ во Дојран
Во третото коло на првата женска фудбалска лига во Дојран, „Борец“ убедливо ја совлада екипата на „Истатов” во Дојран. Во текот на целиот натпревар велешанки ја имаа контролата на играта и на резултатот.
Тренерот на екипата на „Борец“, Тоше Нацев е задоволен од учинокот.
– Добра игра со многу трчање и шанси. Поведовме и дававме голови до резултат 3:0 за потоа фудбалерките да се опуштат. Тоа мало опуштање го искорисрија домаќинките и со два гола најавија дека немаат намера лесно да загубат. Но добро е што нашите фудбалерки брзо се вратија во посакуваната форма и ги дадоа двата гола со кои ја остваривме целта. Стигнавме до победата и посакуваните три бодови, додаде Нацев.
Наредното коло во Велес повторно дерби. Гостува екипата на „Тиверија“ од Струмица поточно еден од клубовите коишто се аспирант за највисок пласман во Првата фудбалска лига – жени.
Лазар Лазаревски