Фустал втора лига

Објавено на 18 април, 2022 во 10:26

Фудбалерите на „Кеги Моби“ потешко од очекувањата стигнаа до бодевите на натпреварот против солидниот состав на „Овче Поле“ од Свети Николе и завршија со резултат КМФ „Кеги Моби“  – КМФ „Овче Поле“ 6:4.    

Велешани кои веќе го обезбедија влезот во првата лига самоуверено го започнаа натпреварот и за кратко време резултатот на семафорот покажуваше 1:3. Кога видоа дека победата нема сама да стигне поискусните домашни играчи заиграа на потребното и очекувано ниво и брзо работите си дојдоа на свое место. На полувреме заминаа со водство од 5:3.

Во вториот дел обете екипи постигнаа по еден гол, но фудбалерите на „Кеги Моби“ го контролираа резултатот и рутинирано го приведоа до крај. На две кола до крајот „Кеги Моби“ е веќе пласиран во првата лига а дали ќе биде прв или втор на табелата зависи од натпреварот во Штип што се игра помеѓу КМФ „Астибо“ и КМФ „Форца“ од Куманово.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.