Младиот борач на „Борец“ ,Зејнелов дел од македонската репрезентација на кадетско првенство во Грција
Борчот на “БK Борец” Ердин Зејнелов, како член на македонската репрезентација во борење слободен стил, ќе настапи на балканското првенство за пионери и кадети, коешто од 28 до 31 октомври, ќе се одржи во градот Ксанти, во соседна Грција. Зејнелов, до поѓањето со останатите членови на репрезентацијата, се наоѓа на завршните подготовки кои се одржуваат во Кочани.
Игор Мицев тренерот на БК„Борец“ задоволен е од формата на Зејнелов.
-Трениравме напорно во Велес. Зејнелов одлично е спремен. И во Кочани добро се темпира неговата форма пред првенството. Ако не послужи жребот јас очекувам и освојување на медал, додаде Мицев.
Ердин Зејнелов е државен пионерски првак во категоријата до 68 кг. Во истата категорија ќе настапи и на претстојното балканско првенство.
Лазар Лазаровски