Мобилно новинарство: Велес ја има првата меѓународна тениска – линиска, судијка
На 19 годишна возраст тениерката и судијка Елена Џунова веќе има осум учества на меѓународни тениски турнири. Велешанката беше ангажирана на Challenger 75 во Скопје, WTA 500 во Берлин, Германија, Davis Cup ви Улцињ, Црна Гора, Challenger 100 во Бања Лука, Босна и Херцеговина, W60 во Виена, Австрија, WTA 125 и Davis Cup во Љубљана, Словенија како и WTA 125 во Парма, Италија. Џунова на овие престижни натпревари беше линиски судика.
– Линискиот судија ја гледа крајната линија на тенискиот терен и извикува „аут“ само кога топката е надвор од линијата, поточно надвор од теренот. Така се укажува на наречениот „save сигнал“ поточно кога топката е внатре во терен или на самата линија, појаснува Џунова.
За линиски судија се полага испит и се добива национална значка што претставува прво скалило по коешто се чекори во тениската судјска професија .До главен тениски судија на турнир се стигнува исто преку полагање на истити и добивање, прво на бела значка а потоа бронзена, сребрената и на крајот златна значка. Златната значка е целта на велешката судијка што би и овозможило остварување на сонот да биде главен судија на престижен турнир и да суди во натпревари во кој би се натпреварувал Новак Џокович или тениски ѕвезди од негов ранг.
-Не само Вимбалдон туку сакам да ги видам сите четири гран слем турнири, значи Ролан Галоос, Австралија и USA опен. Тоа дефинитивно ќе ми биде најголема желба и најголем успех. Би сакала да го постигнам со мојата работа и ќе биде најголемиот успех што го имам доживеано, рече Џунова.
Оваа велешанка започнала да тренира тенис на седум годишна возраст. Нејзиниот талент го открил татко и. Тој е нејзина најголема поддршка а бил и нејзин тренер низ годините. Џунова првите тениски чекори ги направила во клубот „Борец“ во Велес со тренерите Васко Здравкин и Филип Раковски. Потоа во совладување и усовршување на техниките продолжила со тренирање во ТК „Акт“ Скопје.
–Напреднав со мојата техника кога дојдов во Скопје, во средното училиште поточно Спортската академија. Јас се образував во класата – тенис. Во Скопје имав многу повеќе можности и услови како и добри тренинзи, коишто придонесоа за подобрување на мојата техника. Исто така ја добив можноста за полагање на курсот за тренери, додаде Џунова.
Велешанката, додека е бруцошка на скопскиот Факултет за спорт, образование и здрајве, слободното време го посветува на млади талентирани деца како во Велес така и во Скопје. Тренер е на околу 50 деца во Велес и 40 во Скопје. Џунова во нив гледа голем тениски потенцијал.
-Прво би кажала дека спортот е нешто со што треба да се занимаваме, дали од најмала возраст дали на постара возраст,тоа нема граница. Би кажала дека многу добро е да почнат од најмлада возраст бидејќи целосната активација е здрава за телото за негово правилно развивање. За оние коишти веќе играат тренис, би кажала да продолжат понатаму, да редат успеси и да работат упорно, бидејќи секоја работа се исплаќа. За оние коишто се мислат и размислуваат дали тенис како спорт или некој друг вид спорт, јас би го препорачала тенисот бидејќи не само што го вклучува нашето тело, го вклучува и мозокот, начинот на размислување, ги намалува стресот и нервози. Значи целосно активирање затоашто и подоцна во животот многу помага, порача Џунова.
За разлика од Скопје, Велес има тениско игралиште но нема балон којшто ќе овозможи талентираните деца да тренираат и во зимски услови. Кога би се поставил на тениското игралиште, во Градсаки парк, ќе ги задржи талентираните деца да не одат во Скопје. Можеби ќе поттикне и фанови да започнат со рекреативно тренирање на тенис.
Убавка Јаневска
Стефани Манева