Нов пораз на фудбалерите на „Борец“
Борец-Македонија Ѓорче Петров 0:1
Ново разочарување на своите гледачи им приредија фудбалерите на „Борец“. На градскиот стадион „Зоран Паунов“, загубија од екипата на Македонија Ѓорче Петров со минимален резултат од 0:1. Стрелец на единствениот гол беше Атанасовски во петата минута кога по изведен корнер од десната страна беше највисок во скокот и стрелаше прецизно. Домашните фудбалери пробаа да стигнат до израмнување, го изиграа најдобриот дел од средбата, створија неколку шанси но не постигнаа гол.
Во второто полувреме гостинските фудбалери поставија игра во која ги неутрализираа нападите на фудбалерите на „Борец“. Беа и поопасни во противнападите. Во самиот финиш Домашните створија неколку полушанси но не успеаа да израмнат. Со овој пораз можеме да кажеме дека „Борец“ се збогува со првата лига, но теоретски не, и да не го скратуваме правото на надеж. Следи прекин во првенството заради обврските на репрезентацијата.
Наредното 25то коло „Борец“ и гостува во Тетово на „Шкендија“ која поседува еден од подобрите тимови во лигата и е третопласирана на табелата.
Лазар Лазаровски