ФК „Борец“ на чекор до есенската титула!

Објавено на 30 ноември, 2012 во 13:21

Фудбалскиот клуб „Борец“ во недела го игра последниот натпревар од есенската етапа во третата лига Југ. Со 40 бода тој е прв на листата, а веднаш зад него со 31 е „Бабуна“-Мартолци и со 29 бода „Илинден“ – Башино Село. Во последното коло на градскиот стадион во Велес во 13 часот силите ќе си ги одмерат фудбалерите од „Борец“ и „Бабуна“. Борец до сега нема пораз, а само еднаш одигра нерешено па сега младите фудбалери со тренерот Кочо Димитровски и новото раководство се надеваат дека успешно ќе ја поминат и пролетната етапа. По тоа преку баражот ќе бидат само на чекор за влез во втора лига. На официјалниот ФБ – профил на клубот веќе ги повикаа љубителите на фудбалот да дојдат и да навиваат за градскиот тим.

„ Во недела да се радуваме за победа, но и за есенска титула. Да направиме настан, да направиме фешта, да ги исполниме трибините на градскиот стадион, да навиваме, и да и покажеме на целокупната македонска јавност, дека Велес навива за Борец, и дека за нив тој клуб е страст, прва љубов, младост, живот…Велес нека гори , Велес нека слави, нека се слушне силно песна Гемиџиска…за кого? за Борец…да грми во недела. Ве очекуваме, пишува на профилот.

Тие на профилот ја пренесуваат и ранг листата на трета лига „Југ“ и на шега се споредуваат со неколку врвни европски клубови.

Инаку два часа пред натпреварот „Борец – Бабуна“ на градски ќе се игра и натпреварот меѓу „Илинден“ и „Младост“- Кривогаштани. Единствено дождот кој веќе падна и го уништи теренот и лошата временска прогноза за викендот може да го уништи уживањето на фудбалерите и навивачките групи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.