Турнир во улична кошарка во Неготино
Во Неготино, на градскиот плоштад стартуваше петтиот по ред турнир во улична кошарка организиран од локалната самоуправа. Турнирот предизвика голем интерес кај младите од овој град.
На овогодишниот турнир учествуваат над 20 екипи кои се натпреваруваат во 3 категории – во женска конкуренција, машки под 18 и машки екипи над 18 годишна возраст кои натпреварите ги одигруваат по предходно утврден распоред од страна на организаторите.
Турнирот ќе трае три дена, за регуларноста на натпреварите се грижат двајца кошаркарски судии, а финалните натпревари по кои ќе бидат познати најдобрите екипи ќе се одиграат во вторник.
Градоначлникот на Неготино, Ванчо Апосотолов го отвори турнирот и им посака успех на сите екипи учесници на турнирот, а нагласи дека за најдобрите во трите категории ќе бидат доделени вредни награди./Б.Н.Т