Во Словенија започна Европското првенство во кошарка
Македонската кошаркарска репрезентација се среќава со Црна Гора ( 17:45 ) во првото коло на Европското првенство во Словенија, потребна е победа за зголемување на самодовербата.
Дуелот со Црна Гора е реприза од Евробаскетот во 2011, кога шампионатот го отворивме токму со овој противник и загубивме по продолжението, Црна Гора ни е должник и нашите кошаркари се надеваат на реванш за поразот во Литванија. Црна Гора на ова ЕП ќе настапи без своите НБА ѕвездата Никола Петковиќ , во составот го нема ниту високиот Марко Тодоровиќ кој е повреден. Секако лидер во тимот на Црна Гора ќе биде Никола Вучевиќ кој настапува за НБА тимот Орландо.
Македонија има свои адути, ќе биде тешко да се повтори успехот од ЕП во Литванија, но тимската игра е главен адут на селекторт Алеш Пипан кој потенцира дека главна цел на нашиот тим е пласман во следната фаза на првенството од каде може да се обезбеди и настап на следното Светско првенство.
1.КОЛО – 4.СЕПТЕМВРИ
14:30 ЛЕТОНИЈА – БИХ
17:45 МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА
21:00 ЛИТВАНИЈА – СРБИЈА
2.КОЛО – 5.СЕПТЕМВРИ
14:30 ЦРНА ГОРА – ЛЕТОНИЈА
17:45 БИХ – СРБИЈА
21:00 МАКЕДОНИЈА – ЛИТВАНИЈА
3.КОЛО – 6.СЕПТЕМВРИ
14:30 ЦРНА ГОРА – БИХ
17:45 ЛЕТОНИЈА – ЛИТВАНИЈА
21:00 МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА
4.КОЛО – 8.СЕПТЕМВРИ
14:30 МАКЕДОНИЈА – БИХ
17:45 СРБИЈА –ЛЕТОНИЈА
21:00 ЛИТВАНИЈА – ЦРНА ГОРА
5.КОЛО – 9.СЕПТЕМВРИ
14:30 МАКЕДОНИЈА – ЛЕТОНИЈА
17:45 ЛИТВАНИЈА – БИХ
21:00 ЦРНА ГОРА – СРБИЈА