Велешка екипа и спортски риболовец трети на Куп „Рибарче“
Во Скопје во градскиот парк на „Езерце“ се одржа традиционалниот Куп натпревар во спортски риболов “Рибарче”. Натпреварот го организираше македонската риболовна федерација.
Победник е екипата на „Оскар“ од Кавадарци пред „Трофеј“ од Струмица а третопласирана е велешка „Бабуна“. Вториот велешки претставник, екипата на „Професионал“, го освои шестото место.
Поединечно првото место го освои Атанас Ципушев од „Крап“ Радовиш, второ пласиран е Петар Наков од „Трофеј“ од Струмица додека третото место му припадна на играчот на „Бабуна“, Тоше Јакимовски.
Настапот на велешките екипи е успешен.
„Бабуна“ очекувано е во првите три, додека „Професионал“ изненади со успешен настап знаејки дека составот е нов и ова беше прв настап на овие играчи.
По две недели ќе се одржи државното првенство во Дојран.
Лазар Лазаровски