Велешки „Борец“ изгуби дома од тетовска „Шкендија“

Објавено на 19 февруари, 2022 во 17:18
Фото: Градски стадион „Зоран Паунов“

Фудбалерите на Борец се поразени пред своите гледачи од екипата на Шкендија од Тетово со резултат 3:0. Гостите во текот на целиот натпревар беа подобар противник и заслужено стигнаа до победата со која ги потврдија амбициите за освојување на првото место во лигата.

По минатонеделниот освоен бод во Скопје, на градски стадион „Зоран Паунов“ дојдоа голем број на гледачи кои разочарани се вратија дома. Да бидеме објективни секој друг резултат ке преставуваше изненадување гледајки ги квалитетите на составите и нивната вредност.

Фото: Градски стадион „Зоран Паунов“

Шкендија поведе во 44 минута со голот на Марковски. Тимовски зголеми во 61 минута на 2 : 0 а конечниот резултат 3 : 0 го постави Дита во 77 минута. Домашните играчи и гледачите негодуваа во 69 минута кога по нивно мислење „Борец“ беше оштетен за недосуден пенал.

Во следното коло „Борец“ повторно е домаќин и тоа на екипата на „Струга Тим-Лум“.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.