Втора футсал лига 16 – то коло
Кмф „Кеги Моби“ – Кмф „Конзули Битола“ 4:2
Нова победа на играчите на „Кеги Моби“. Овој пат над цврстиот состав од Битола „Конзули“. Домашните од самиот старт наметнаа свој стил на игра и веќе во третата минута со голот на Кирил Ивановски поведоа. Во 14 минута Димче Тодоровски зголеми на 2:0. Во 15 минута Димче Ѓуров и во 16тата Костадин Петров го поставија конечниот резултат од првото полувреме 4:0.
Во вториот дел домашните задоволни од високото водство започнаа опуштено. Во 25тата минута со голот на Стефан Стефановски битолчани намалија на 4:1. Во 33 минута Марјан Јовановски од казнен удар заради шести прекршок, го постигна конечниот резултат 4:2. За одбележување се и двата неискористени казнени удари од страна на играчите на „Кеги Моби“.
Димче Тодоровски беше стрелец на атрактивен гол со пета. За Дума изјави:
-Втор натпревар одигравме за три дена. Четвртфиналниот од купот со Екипата на „Шкупи“ не исцрпи. Паднавме физички во вториот дел но и менталитетот ние таков по високо водство се опуштаме. Сепак ја контролиравме играта и резултатот. Веќе во петок не очекува нов предизвик. Во Тетово не пречекува екипата на „СЕЕ Универзитети“ иако за шест дена ќе ни биде трет натпревар очекувам сигурна победа.
Лазар Лазаровски