ЖФК „Борец“ пред договор со фудбалерка од Нигерија
Објавено на 26 јули, 2021 во 11:30
Женкиот фудбалски клуб „Борец“ е во фаза на подготовки пред почетокот на првата фудбалска лига и одигрува пријателски средби за да се темпира формата на тимот. Во Струга со екипата на „АС Јуниор“ одиграни се две средби едната е загубена со два спрема еден додека втората добиена со седум спрема два. Во Прилеп совладана е екипата на „Деспина“ со резултат три спрема два.
Во „Борец“ на домашен терен ќе се сретне со екипата на „Тиверија“ од Струмица состав кој годинава најавува атак на шампионската титула. Натрепварот се игра на градскиот стадион во Велес, со почеток во 17:00 часот.
Деновиве се очекува да завршат разговорите со фудбалерка од Нигерија со што составот ќе биде комплетен пред стартот на првата фудбалска лига.
Лазар Лазаровски