1081 нови случаи на ковид-19, пријавени се 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 6802 тестирањa, а регистрирани се 1081 нови случаи на ковид-19: Скопје – 314, Гостивар – 187, Тетово – 160, Куманово – 84, Струмица – 60, Кичево – 47, Охрид – 38, Дебар – 30, Струга – 27, Прилеп – 25, Битола – 20, Штип и Ресен – по 12, Радовиш – 11, Велес и Кочани – по 9, Берово и Виница – по 6, Кратово – 5, Кавадарци и Свети Николе – по 4, Пробиштип – 3, Неготино и Пехчево – по 2, Делчево, Валандово, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 91 оздравени пациент и пријавени се 15 починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 1 079 818 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 164 529, бројката на оздравени пациенти е 151 235, на починати е 5589, а бројот на активни случаи изнесува 7705.
