Следете ја во реално време состојбата со сообраќајот во Македонија и на граничните премини преку Дума.мк

Објавено на 20 септември, 2023 во 09:52

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Состојбата на граничните премини како и на патарините можете да ја следите преку Дума.мк. Кликнете на банерот Видео камери на насловната страница на Дума.мк и влезете во категоријата Патна мрежа по што кликнете на подкатегорија Видео камери. Така ќе можете во реално време да ја следите состојбата со одвивање на сообраќајот во државата.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.