Царовска најави три сценарија за новата учебна година
Објавено на 28 јуни, 2021 во 11:42
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/06/mila-carovska-mtsp-20-1-1024x577.jpg)
За наредната учебна година подготвени се три сценарија, кажа денеска министерката за образование, Мила Царовска.
-Денеска МОН дискутираше со Кризниот штаб во однос на протоколите.Сите сакаме учебната година да почне со физичко присуство. Три сценарија се подготвени, првото е целосно отворање на училиштата согласно здравствените протоколи и сите ученици да се вратат во клупите, второто е комбинираниот модел како досега, физичко присуство на учениците од прво до четврто одделение,а останатите да одат онлајн и третото е да имаме поделба на групи кои ќе ротираат на една недела.Ние очекуваме и сакаме наставата да се одвива во училиштата, вели Царовска.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)