Чакаровски за штрајкот во Железница: Наше е да работиме, нивно е да најдат средства за плата

Објавено на 30 ноември, 2021 во 13:10

Веќе петти ден железничкиот сообраќај во земјава е во прекин.

-За проблемот со неисплаќањето на платите треба да каже менаџментот. Наше е да работиме, нивно е да најдат средства да ни исплатат плата. Нивното објаснување е дека нема пари. Или немаме работа или имаме преврабтеност. Ние знаеме дека нашето сме го изработиле, вели Душко Чакаровски, претседател на Независниот синдикат на машинскиот персонал во Железницата – Транспорт во Утрински Брифинг.

Тој вели дека економското работење е на менаџментот и дека факт е дека има штети. Но, возовите стојат и по граница затоа што државата нема локомотиви. Огледало на државата е железницата, дециден е синдикалецот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.