Денеска температури над 40 степени, портокалово ниво на опасност

Објавено на 21 јули, 2022 во 09:28

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.  Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 29 до 40 степени целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.

Од денеска  до недела подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топол бран и во поголем дел ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Дневната температура на места ќе надминува 40 степени. И во Скопското подрачје, дневната температура ќе биде околу 40 степени.

Во недела кон крајот на денот ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, а од понеделник ќе има благ пад на дневната температура.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.