Денеска врнежи од дожд, од утре попладне стабилизација на времето
Објавено на 15 октомври, 2021 во 09:22

Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во југоисточните делови. Поради затоплување на висина, на планините на запад врнежите повторно ќе преминуваат во дожд, но ќе бидат со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во текот на утрепниот ден не очекува променливо облачно време, претпладне со локална појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Од утре попладне ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура. До недела ќе биде пооблачно и ветровито, а од понеделник ќе има повеќе сончеви периоди.
