Две нови линии од скопскиот аеродром Скопје -Женева и Скопје – Париз
Министерството за транспорт денеска соопшти дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа Скопје -Женева и Скопје – Париз (аеродром Орли).
вете дестинации, како што наведува министерот за транспорт, Александар Николоски се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата Изиџет.
Линијата Скопје – Париз ќе започне да се оперира од 2 април, додека линијата Скопје -Женева од 3 ноември, оваа година.
–Јавниот повик е се уште отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат критериумите предвидени со повикот, посочува Николоски.
Претходно беа потпишани договори за воведување на линиите: Охрид – Истанбул, Охрид – Базел Мулхаус, Скопје – Дубаи, Скопје – Штутгарт, Скопје – Лион, Скопје – Барселона и за истите се овозможува финансиска подсршка по принципот на патник во доаѓање.
Од охридскиот аеродром два пати неделно ќе се лета на релација Охрид – Базел – Охрид, а „Туркиш ерлајнс“ ќе почне редовно да лета веќе од крајот на март 2025 година на дестинација Охрид – Истанбул – Охрид.
Дума.мк