ЕК: Македонија меѓу одредено и умерено ниво на слободата на изразувањето

Објавено на 9 ноември, 2023 во 14:03

Македонија се наоѓа меѓу одредено и умерено ниво на подготвеност во однос на слободата на изразување. Општо гледано, има направено ограничен напредок. Општиот контекст е погоден за медиумската слобода и дозволува критичко известување од страна на медиумите. Измените во Кривичниот законик и Законот за граѓанска одговорност во однос на клеветата го зголемиja степенот на правна заштита на новинарите. Сепак, забележани се голем број напади, закани и одредено застрашување на новинари, нотира Европската комисија во најновиот извештај земјава во делот на слободата на медиумите.

ЕК забележува дека е потребна поголема транспарентност во поглед на медиумското рекламирање од страна на државните институции и политичките партии, а реформата на јавниот радиодифузен сервис е потребна заради јакнење на неговата независност, професионални стандарди и финансиска одржливост. Се забалежува и дека Собранието го одложува назначувањето на членивите на Програмскиот совет на јавниот радиодифузен сервис и Советот на медиумскиот регулатор уште од декември 2018 година. Во извештајот се забележува и дека работните услови за новинарите продолжуваат да претставуваат предизвик.

Се уште важат препораките на Комисијата од минатата година. Во текот на следната година, Северна Македонија треба да ја ревидира законодавната рамка поврзана со медиумите и истата да се усогласи со европското законодавство и европските стандарди, особено во однос на правилата за конкуренција и државна помош, правата на интелектуална сопственост, што претставува дел од заедничниот пазар на ЕУ, да го засили спроведувањето на стратегијата за реформа на јавниот радиодифузер и да се финализираат назначувањата во Програмскиот совет на јавниот радиодифузен сервис и Советот на медиумскиот регулатор, како и да се продолжи со итно адресирање на сите закани и чинови на насилство против новинари и да се овозможи сите сторители да се доведат пред лицето на правдата.

Општото опкружување овозможува слобода на изразување и критичко известување. Законската рамка беше зајакната: измените на Кривичниот законик и Законот за граѓанска одговорност во однос на клеветата, усвоени во ноември 2022 година, го зголемиja степенот на правна заштита на новинарите. Сепак остануваат системските предизвици: длабока медиумска поларизација, физичко и вербално насилство врз новинарите, работните услови на медиумските работници, посебно нивните работни и социјални права. Треба да се спроведат законите што се однесуваат на функционирањето на медиумите. Дигиталните технологии и нарушувањата на медиумскиот пазар упатуваат на потребата за општа стратегија за реформи во медиумите во соработка со сите чинители, заклучува ЕК.

Застрашување на новинари

Во делот на застрашувањето на новинарите ЕК наведува дека лани МВР регистрирало 17 случаи на напади врз новинари и отворило истраги за нив. Здружението на новинари регистрирало 14 инциденти, кои вклучуваа новинари, од кои четири со физички напади или незаконско приведување, како и 11 со вербални напади, закани и други форми на застрашување. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и медиумските здруженија, забележува ЕК, редовно ги осудува таквите инциденти.

ЕК наведува и дека во февруари 2023 година, Собранието ги усвои измените во Кривичниот законик со што се зајакна заштитата за новинарите при извршувањето на нивните професионални обврски, а Јавното обвинителство во Скопје назначи обвинител за да се следат постапките како одговор на нападите врз новинарите.

Ова претставува позитивен развој. Назначениот јавен обвинител има овластување да ги следи постапките каде новинарите се јавуваат како оштетени странки, сведоци или пријавени лица додека ја извршувале нивната работа. МВР назначи контакт-лице во Одделението за компјутерски криминал и дигитална форензика, со што им се олесни на новинарите да известуваат за инциденти што вклучуваат булинг преку компјутер или други онлајн закани по нивната безбедност. Властите треба да овозможат непристрасни, брзи и ефективни истраги за да се изведат сторителите пред лицето на правдата, се нагласува во извештајот. Се забележува и дека политичарите и службените лица користеле неприфатлив јазик против новинарите во повеќе наврати, а продолжило и онлајн малтретирањето и вербалните закани, особено на социјалните медиуми, особено кон новинарки. Комисијата додава и дека стари предмети поврзани со физички напади врз новинари остануваат нерешени.

Законска рамка

ЕК нагласува дека Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е генерално усогласен со европското законодавство по измените во јули 2023 година.

Покрај тој, законодавната рамка што го вклучува функционирањето на медиумите има потреба од понатамошно подобрување, согласно европското законодавство и меѓународните стандарди, додава ЕК.

Се осврнува и на државното политичко рекламирање, но и на предлогот за организирање и финансирање на кампањи од јавен интерес, за што има остри реакции од медумските здруженија.

Се уште треба да се работи на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во однос на изборното законодавство. Забелешките од страна на медиумските здруженија во однос на државното политичко рекламирање во медиумите треба да се земат во предвид согласно европското законодавство и најдобрите европски пракси. Во ноември 2022 година, група пратеници предложија измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги што наметнуваат обврски за централните и локалните власти за организирање и финансирање на кампањи од јавен интерес. Сепак, медиумскиот регулатор и некои здруженија на новинари ги критикуваа предлозите, нагласувајќи дека тие би можеле да ја поткопаат независноста на медиумите и да го нарушат медиумскиот пазар, нагласува ЕК.

Потенцира дека се потребни се поодржливи решенија за да се поддржи опстојувањето на медиумите.

Во 2022 година, владата продолжи да го намалува финансирањето на радиодифузниот сектор. Собранието повторно не успеа да назначи нови членови на Програмскиот совет на јавниот радиодифузен сервис и Советот на медиумскиот регулатор. Мандатите на тековните членови на двата совети беа продолжени се до изборот на нови членови од страна на Собранието, се наведува во извештајот.

Спроведување на законодавство/институции

ЕК наведува дека во 2022 година, медиумскиот регулатор ја продолжил својата надзорна улога врз различни форми на медиуми околу незаконската медиумска концентрација и сопствеништво. Регулаторот продолжил да работи со граѓанските организации и медиумите во промоција на медиумската писменост и темите на полето на човекови права, како што се родова еднаквост и почитување на правата на лицата со попреченост од страна на радиодифузерите.

Треба да се зајакне финансиската стабилност и независноста на медиумскиот регулатор. Ова е уште поважно бидејќи институцијата доби дополнителни одговорности по усогласувањето на националното законодавство со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на ЕУ, забележува ЕК.

Во извештајот се наведува и дека лани Советот за етика во медиумите примил 78 претставки околу прекршување на етичките стандарди. Најчестите претставки, што претставуваат 49.37 отсто од сите случаи, се однесуваат на прекршување на законската одредба дека „новинарите треба да објавуваат точни и потврдени информации“.

ЕК нагласува дека иако говорот на омраза е забранет онлајн и офлајн, тој продолжува да биде присутен во онлајн сферата. -Во 2022 година, Здружението на новинари изрази особена загриженост околу говорот на омраза и навредите насочени кон новинарите и медиумските работници од страна на политичарите и другите носители на јавни функции. Бројот на кривични пријави за навреда и клевета против новинари беше повеќе од двојно зголемена во споредба со претходната година: 54 случаи во 2022 година наспроти 20 во 2021 година, се вели во извештајот.

Јавен радиодифузен сервис

ЕК забележува дека реформата на јавниот радиодифузен сервис повторно била одложена. И покрај Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од 2021 година, властите повторно искористиле законски дискрециони овластувања во 2022 година за да го скратат финансирањето на радиодифузниот сектор.

Буџетските промени создаваат несигурност во планирањето. Властите треба да овозможат доволни и стабилни финансии за јавниот радиодифузен сервис. Не беше најдено решение за старите долгови на јавниот радиодифузен сервис кон државните институции. Потребни се натамошни напори за да се обезбеди независноста и одржливоста на јавниот радиодифузен сервис, и од финансиски и од законодавен аспект, се вели во извештајот.

Економски фактори

ЕК наведува дека пандемијата на Ковид-19, руската агресија врз Украина и глобалната економска и енергетска криза создале дополнителен притисок врз медиумската индустрија. Властите ги поддржале медиумите преку низа економски мерки, вклучително и намалување на надоместокот за дозвола за радио и телевизиско емитување во 2023 година.

Медиумските здруженија продолжија да изразуваат загриженост за интегритетот на медиумите и уредувачката независност, и укажаа на потребата за проценка на влијанието на концентрацијата во сопствеништвото врз медиумскиот плурализам и уредувачката независност. Тие исто така укажаа на ризикот од преголемо влијание на поединци или групи на медиумски сопственици врз медиумите. Потребна е понатамошна поддршка за развојот на професионално и истражувачко новинарство. Независноста на медиумите треба дополнително да се заштити, нагласува ЕК.

Во извештајот се наведува и дека во ноември минатата година група пратеници поднесоа амандмани на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со цел да ја отстранат забраната за државно рекламирање во приватните медиуми.

Одредени медиумски здруженија се противат на ова, стравувајќи дека тоа би можело да ја поткопа независноста на медиумите и да го наруши медиумскиот пазар. Медиумските здруженија продолжија да изразуваат загриженост околу законодавните одредби што им дозволуваат на политичките партии да користат државни средства за реклами во медиумите и околу недостигот на транспарентност за партиско-политичките реклами воопшто и на онлајн медиуми, конкретно на 32 платформи, потенцира ЕК.

Во извештајот се наведува дека во 2022 година постоеја пет дневни весници, од кои два на албански јазик. Властите продолжиле да ги поддржуваат печатените медиуми со над 300 000 евра. Како што е предвидено со законот, се додава во документот, медиумскиот регулатор редовно објавува регистар на радиодифузни и печатени медиуми, како и информации околу бројот на вработени и видот на вработувања. Се проценува дека постојат помеѓу 150 и 200 онлајн медиуми.

Интернет

ЕК нагласува дека онлајн медиумите не се регулирани со конкретен закон и додава дека постои промена во пазарот на рекламирање кон дигитално рекламирање, со растечки закани од дезинформации, прекршувања на интелектуални права и недостиг на транспарентност во однос на платеното политичко рекламирање.

Одредени онлајн медиуми се под влијание на политички личности. Политичките партии не се обврзани да објавуваат информации за средствата потрошени на реклами на социјалните медиуми. Постои несоодветен надзор врз употребата на лични податоци за изборните кампањи. Разбирањето на опасностите од дезинформации од страна на јавноста треба да биде подобрено, како и вештините за медиумска писменост во целокупното општество. Сегашните мерки против дезинформации не се многу ефективни. Потребна е посилна само-регулација кај онлајн медиумите, конкретно преку промоцијата на регистарот на онлајн медиуми (promedia.mk) и развој на професионални стандарди за онлајн новинарство, потенцира Европската комисија.

Во однос на пристапот до информации, ЕК наведува дека Агенцијата за заштита на право на слободен пристап до информациите од јавен карактер примила 343 претставки, од кои 195 била главно од граѓански организации, додека 148 од физички лица.

Професионални организации и работни услови

ЕК наведува дека во 2022 Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници регистрирал разни прекршувања на работничките права, особено големи број на краткорочни или хонорарни договори без здравствено осигурување, право на одмор, неплатена прекувремена работа и задолжителни ноќни смени.

Дијалогот со Владата треба да се унапреди. Напорите насочени кон подобрување на работните услови во медиумите се попречени од економските предизвици во секторот и отпорот кон формирањето на новинарски синдикати. Потребни се понатамошни напори за да се заштитат професионалните и работничките права, слободи и безбедност на новинарите, конкретно преку подобрување на законодавната рамка околу работата на синдикатите. Многу новинари немаат друг избор освен да прифатат несигурни работни договори. Ова, заедно со тешките социо-економски услови, придонесува кон култура на самоцензура и создава можности сопствениците на медиумите да влијаат врз уредувачката политика, нагласува ЕК.

Во извештајот се додава и дека Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги претставила нова специјализирана веб страна за родова еднаквост и медиуми, со цел да послужи како ресурсен центар за новинари. Анализите покажале дека има мал број жени на водечките позиции во приватните медиуми. ЕК нагласува дека се потребни дополнителни мерки за промовирање на родовата еднаквост во медиумската индустрија.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด