Инвеститорите на мали централи ги кажаа проблемите пред министрите
За инвеститорите на мали хидрицентрали, најчести проблеми со кои се соочуваат се административните лавиринти, менувањето на закони и честите избори во земјата.
Овие забелешки им ги соопштија на ресорните министри Ваљон Сарачини и Абдулаќим Адеми, пренесе 24 Вести.
Според инвеститорите законската регулатива за изградба на хидрцентралите е усогласена со европските закони, но тешко оди имплементацијата.
Во текот на овој месец ќе биде објавен нов оглас за изградба на мали хидроцентрали за уште 80 локации. Интерес пројавиле австриски и германски компании.
Вкупната инвестиција во досегашните 30-тина мали хиндроцентрали е 40 милиони евра. Од нив 16 веќе работат, а до крајот на годинава ќе почнат со работа и останатите 14 мали хидроцентрали.
Најголем дел од хидроцентралите се во Демир Хисар, Радовиш, Теарце и Липково.
