Косовско ембарго за македонските производи!

Објавено на 6 септември, 2013 во 07:15

Ембаргото стапи на сила ноќеска, еден час по полноќ и важи за житни, млечни и кондиторските продукти, конзервираното овошје и зеленчук, алкохолните пијалоци, цигари и сите преработки од тутун.

Нема официјални информации зошто е воведено ембаргото.Неофицијално се тврди дека ембаргото за Македонија ќе трае до 15 септември кога истекува забраната за увоз на брашно. Поради ова причината за ембаргото директно се врзува со мерката поставена од македонска страна за условен увоз на брашно и пченица од 1-ви јули годинава.

За македонските производители, косовскиот пазар е еден од најголемите па затоа штетите од ваквиот потег допрва ќе се пресметуваат.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.