Соголена економија: Извештајот на ММФ ниту е провладин ни опозициски, реален е!

Објавено на 7 септември, 2015 во 08:06

По последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд, бизнисмените излегоа со различни оценки. Дел сметаат дека монетарците овој пат испратија сериозни препораки кои во следниот период треба да се исполнат. Ова според бизнисмените особено се однесува на буџетскиот дефицит, нивото на јавниот долг, платите во администрацијата, пишува Фактор.

– Секој извештај ги имате двете страни на паричката, позитивен би го извлекол делот на објавувањата  дека над 30 илјади работни места од странски директни инвестиции ќе се креираат, но пак како негативни страни би биле критиките за  монетарната политика, политиката на девизниот курс на денарот, за буџетскиот дефицит и за нивото на задолженоста, нашиот став би бил некаде помеѓу. Гледано низ Мастришките критериуми ние сме на релативно добро ниво или би рекло средно ниво на задолжување, но ако ги согледуваме економксите перформанси на нашата економија ние не треба повеќе да се задолжуваме бидејќи нивото од 60% на јавен долг во однос на БДП е преголема за Македонија. Ние го делиме мислењето дека уште сега е на високо ниво јавниот долг, за нас уште позагрижувачки е што се задолжуваме за тековни трошоци а на за капитални, ифраструктурни проекти од кои можеме да ја вратиме инвестицијата бидејќи од задолжувања за скулптури, социјални трансфери нема поврат, вели за Фактор претседателот на Комората на Северозападна Македонија, Неби Хоџа.

Дел од бизнис заедницата коментираат дека претстои тежок период, на што ќе  влијаат и случувањата на политичката сцена. Според бизнисменот и претседател на Комисијата за економија и финансирање при Либералната партија, Венко Глигоров, извештајот и препораките на ММФ не се изненадување, ако се земе во предвид дека експертите и бизнисот за тоазборуваат подолго време.

-ММФ ги лоцира убаво добрите страни на државата во водењето на македонската економија и секако ги истакнува областите за подобрување. Според ММФ, тоа што е важно за економијата е да се создаваат услови за зголемување на вработеноста во приватниот сектор наместо во државната администрација. ММФ изразува загриженост за зголемувањето на јавниот долг и тоа директно се одразува на бизнисот и потоа на граѓаните. Од друга страна ММФ укажува на потребата од намалување на непродуктивните трошења на владата. Секако, една од битните компоненти е политичката криза и регионалните предизвици. За одбележување е што ММФ забележува дека има многу инспекциски служби и тие треба да се поедностават како и да се создаде предвидлива законска регулатива. Генерално земено, претстои тежок период за сите нас со оглед на тоа што Септември почна со многу контроверзи и со непродуктивни трошења и јалови активности. Состојбата не очекуваме да се подобрува во нареднот период највеќе заради политичката криза и носењето на битни одлуки во врска со корупцијата и изборните модели, вели Глигоров.

Според претседателот на Комората на Град Скопје, Горан Рафајловски, со оглед на политичката криза извештајот е релативно позитивен и не содржи сериозни критики. Во однос на укажувањата од ММФ за нивото на јавниот долг, Рафајловски вели годинава се трошат сериозни пари за круцијални објекти, но дека сегашниот јавен долг е сеуште на разумно ниво.

-Во основа овие извештаи дали некој ќе ги оцени како позитивни ли негативни генерално не ја менуваат состојбата во Македонија . Извештајот во една ваква криза е релативно позитивен, не можам да кажам дека е негативен и дека нешто сериозно не опоменуваат, добро е ние самите да се грижиме повеќе за себе отколку тие што се грижат за нас, сепак тоа се само банкари што се грижат за средствата што ги пласираат во Македонија. Оваа година се трошат сериозни пари за круцијални објекти, но нормално е јавниот долг да расте сериозно, но јас уште не гледам дека ниту една земја сериозно пропаднала заради тоа што и растел јавниот долг, освен ако не помине некои ненормални граници како што е во Грција, Италија, Шпанија.Нашиот јавен долг е сеуште на разумно ниво, можеби треба да се превземат мерки да не помине во некое сериозно ниво, но сеуште мислам дека е во рамки на разумно ниво, вели Рафајловски.

Во извештајот ММФ нотира дека Македонија влезе во глобалната финансиска криза со една од најниските стапки на јавен долг во земјите во Европа, но сепак од 2008 година јавниот долг има растечко темпо.

-Ќе бидат потребни дополнителни мерки за да се оствари поставената цел со ребалансот на буџетот за 2015 година, вклучувајќи ги и наплатата на заостанатите даноци и кратењето на трошоците на планираното зголемување на стоки и услуги. Плафонот на планираниот долг од 60 отсто од БДП да биде надополнет со понизок оперативен праг или должничката кочница да создаде соодветен простор за фискалната политика да биде во состојба да им се спротивстави на макроекономските и демографски шокови, се посочува во извештајот.

Текстот во целост прочитај го на овој линк.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.