Филипче: Белчовски донесоа одлука која нема цена, тие на сите ни покажаа што значи да си човечен
Објавено: 19 мај, 2021, во 11:11 часот
Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека утрово имал средба со семејството на младата Верица Белчовска, чии органи беа донирани и спасија живот.

– Најмалку што можеме да сториме за овие неизмерно хумани луѓе е да им помогнеме. Преку донатори се обезеди вработување за таткото и братот на Верица, а на почетокот од месецов, Владата им додели на користење стан во општина Струмица. Белчовски донесоа одлука која нема цена, тие на сите ни покажаа што значи да си човечен, ова семејство во моменти кога го изгубија најмилото, мислеа како да спасат други животи, за што сите сме им вечно благодарни, пишува Филипче на својот фејсбук профил.


