И по период на изолација сте позитивни на ковид-19? Дали сте сèуште заразени и што да правите?

По пет дена изолација и дополнителни пет дена носење маска, некои луѓе и понатаму ќе бидат позитивни на болеста, дури и откако ќе заврши периодот на изолација.
Ако сте позитивни и по тие 10 дена, дали треба да останете во изолација?
Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) не дал специфични насоки што да се прави во таа ситуација, но експертите низ светот сметаат дека ако симптомите се повлечат, вие не мора дополнително да бидете изолирани.
Д-р Моника Ганди, експертка за заразни болести од Сан Франциско, неодамна изјави за Си-ен-би-си дека би се чувствувала безбедно во друштво на лице кое немало симптоми во последните пет дена, а по изолацијата, дури и ако се позитивни на тестот.
Следете ги упатствата и носете маска уште пет дена по изолацијата, додава таа.
Периодот на инкубација за оваа болест велат трае околу 14 дена, а лицето се смета за заразно неколку денови пред да се појават симптомите или два дена пред позитивниот тест, ако нема симптоми.
Според упатствата на ЦДЦ, луѓето што се позитивни на ковид-19 треба да се во изолација 5 дена, а потоа, ако симптомите се повлечат, можат да излезат од дома, но мора да носат маска уште 5 дена.
Претходно, ЦДЦ наведе дека едно лице може да биде позитивно на тестот и до три месеци по инфекцијата, а некои лекари ќе речат дека е најдобро да се остане во изолација сè додека тестот е позитивен. Но, д-р Стивен Кислер наведува дека не е неразумно постепено да се излегува од изолација дури и ако тестот е сè уште позитивен.
Ова особено важи за оние кои се вакцинирани што немаат симптоми и носат маски. Лекарот вели дека е сосема во ред да излезете од изолација ако сте внимателни во друштво на другите.
Ако сте лично загрижени зошто тестот е толку долго позитивен, секако обратете се кај вашиот лекар.
Ако тестот е долго позитивен, дали сте и понатаму заразни?
На Универзитетот во Бостон е спроведена студија која откри дека едно лице може да го носи вирусот и 6 дена по првиот позитивен тест во 17 отсто од случаите.
Понекогаш резултатот од тестот има врска и со видот на тестот. Лекарите велат дека ПЦР-тестовите почесто го „фаќаат“ вирусот бидејќи се многу чувствителни, па може да биде позитивен и на мртов вирус во носот – со него не можете да заразите други луѓе, но може да биде причина за позитивниот тест.
Ако сте примиле и бустер-доза, Арвдеј наведува дека не е потребно да се тестирате неколку денови по изолацијата бидејќи сигурно тој вирус не можете да го ширите.
„Ако си изложени, трипати вакцинирани, мислам дека нема потреба од тест по 7 дена. Ако сакате да бидете дополнително внимателни, можете да го направите на десеттиот ден, но од она што можам да го видам, вие сте безбедни. Ако не сте вакцинирани, сигурно постои причина да се грижите дека ќе се заразите“, објаснува таа.
