Коронавирусот полека се повлекува

Објавено на 8 јуни, 2021 во 10:56

По долго време во земјава забележан е само еден позитивен случај на ковид 19 во Куманово.  Според епидемиолошкитe анализи на Министерството за здравство, во моментов пет градови во земјава немаат ниту еден активен случај на Ковид-19. Тоа се Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран.

Шест градови имаат само по еден активно заразени лице, а станува збор за Ресен, Крива Паланка, Дебар, Валандово, Крушево и Македонски Брод.

По предлог на Комисијата за заразни болести, министерот за здравство Венко Филипче денеска на ГККШ посочил полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни, на територијата на цела држава.

Досега во земјата се направени вкупно 815.893 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.418, бројката на оздравени пациенти е 149.496, на починати е 5.458, а бројот на активни случаи изнесува 464.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.