Косово преплавено со лажни монети од 2 евра
Во едно кафуле во Приштина, вработените се откажале од проверката дали монетите од две евра со кои луѓето ги плаќаат се оригинални, поради огромната количина на фалсификати и нивниот висок квалитет, што го прави речиси невозможно да се утврди автентичноста.
„На почетокот сите беа загрижени и проверуваа дали монетите од две евра се лажни или не“, изјави келнерот Ендрит за Ројтерс.
Тој и неговите колеги ги испитувале монетите под светло или ги фрлале на маса и слушале за звукот.
„Сега веќе не проверуваме… можеби примаме или враќаме лажни пари“. Нема врска”.
Полицијата соопшти дека годинава масовно е зголемен бројот на лажни монети од две евра, наведува Ројтерс и потсетува дека Косово и Црна Гора не се дел од еврозоната, но сепак го користат еврото како валута.
Во мала продавница во близина на едно кафуле во Приштина, од 11 монети од две евра, продавачката рекла дека верува дека шест од нив се лажни и дека има толку многу лажни монети во употреба што немала друг избор освен да ги прифати.
Во полициската форензичка лабораторија во првата половина од годинава се прегледани над 30.000 лажни монети од две евра, наспроти 4.451 во истиот период лани.
„Квалитетот варира од многу лош до многу добар“, вели Вјолца Мавриќи, експерт за фалсификувани пари.
„Порано лажните монети не беа магнетизирани, но сега се, порано беа полесни од вистинските, а сега имаат иста тежина.
Полицијата соопшти дека лани до обвинителството испратила 804 предмети за фалсификување пари, а годинава досега 486 предмети. Во април уапсија маж и жена кои се обиделе да внесат 10.600 лажни монети од две евра во Македонија.
На многу видеа на социјалните мрежи на албански јазик се нудат лажни монети или други фалсификувани европски банкноти по цена од 10 до 20 отсто од нивната номинална вредност.
Во април, косовските власти уапсија маж и жена кои се обиделе да внесат 10.600 лажни монети од две евра во земјата од Северна Македонија.
Управителот на државното претпријатие за паркирање во Приштина, Сокол Хаволи изјави дека добил толку лажни монети од две евра, вредни и до 150 евра дневно, што на крајот одбивал да ја прифати таа монета. Сега му беа дадени големи машини, донирани од локалните банки, за да идентификува фалсификувани монети.
Централната банка на Косово изјави за Ројтерс дека банките и другите финансиски институции треба да ги пријават сите фалсификувани пари што ги добиваат од клиентите.
Сепак, на менаџерот на еден супермаркет во Приштина, кој сакаше да остане анонимен, и кој треба да ја депонира својата дневна заработка во банка, полесно му е да ги предаде лажните монети од две евра на други потрошувачи наместо да ризикува кривично гонење доколку ги однесе во банката.
„Не ги носам тие монети во банка затоа што знам дека ќе повикаат полиција и може да ме уапсат… Ги враќам на клиентите следното утро и добивам нови“, рече тој.
Дума.мк