Ковид-биланс: 13 општини немаат активни случаи, Тетово има повеќе заразени од Скопје
Секојднево се зголемува ковид-статистиката со заразени. Вчера беа регистрирани 164 нови случаи со Ковид-19, од направени 5.276 тестирања, а последен пат трицифрена бројка на нови случаи на инфицирани со коронавирусот беше регистрирана кон средината на мај.
Бројот на активни случаи изнесува 770, од кои најмногу се во Тетово 229, по што следи Скопје со 221, Куманово 72, Гостивар 68, Битола 34, Струмица 21.
Тринаесет општини немаат активни случаи на Ковид-19. Тоа се: Дојран, Македонска Каменица, Македонски Брод, Кратово, Демир Капија, Демир Хисар, Крушево, Богданци, Пробиштип, Виница, Крива Паланка, Ресен и Неготино.
Министерството за здравство информира дека е достапна апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство. CommonPass е унифицран дигитален сертификат кој се презема од апликација од Google Play Store/App Store со кој се потврдува вакциналниот статус на секој граѓанин. Со овој сертификат во моментот може да се патува најчесто во САД и Канада каде се користи најмногу.