Сојузот на Здруженија на лица со дијабет повторно со барања до Владата,МЗ и ФЗО
На крајот на 2024 година, Сојузот на Здруженија на лица со дијабетес на Северна Македонија (СЗДСМ,) денес, објави дека повторно на владата, министерството за здравство и ФЗО им ги достави барањата за приоритетите дефинирани во Стратешкиот план 2024-2028 , како и постојаните барања од страна на над 130.000 + лица со дијабетес во државата за подобра здравствена заштита.
„Уште еднаш го изразуваме нашето, големо незадоволство како претставници на над 130.000+ лица со дијабетес во Р.С. Македонија, од немањето позитивен одговор ниту активност за нашите барања за соодветна грижа преку обезбедување најсовремена терапија за да се спречат сериозните здравствени компликации со кои се соочуваат лицата со дијабетес во РСМ,“ пишува Сојузот.
Сојузот бара остварување на следниве итни приоритети на лицата со тип1 дијабетес и тип 2 дијабетес:
1. Обезбедување CGM Сензори и инсулински пумпи за сите 3.000 лица со Т1Д и CGM сензори за 2.000 Т2Д лица со компликации
2. Инсулинската терапија мора да остане да биде иновативна и современа во доволни количини за потребите на Т1Д и лица со Т2Д на инсулинска терапија. Во рамките на новата тендерска процедура очекуваме зголемување на бројот на пациенти кои што примаат инекциона GLP терапија, орална GLP терапија и SGLT терапија,
3. Обезбедување пристап до најквалитетни глукометри, ленти и ланцети и други помагала за секое лице со Т1Д и Т2Д во МК со најсовремени ISO стандарди, со промена на моделот т.н. „Референтна цена“,
4. Обезбедување на модерни лекови и терапија за третман на дијабетична нефропатија, ретинопатија, поли-невропатија, кардиолошки состојби и други здравствени компликации на лицата со Т1Д и Т2
„Време е да им се овозможи на пациентите со дијабетес во Северна Македонија, да имаат избор на квалитетни апарати и ленти за мерење шеќер во сите аптеки. Време е секое лице со Тип 1 Дијабетес да го менаџира својот шеќер во крвта со CGM сензори, а медицински индицираните и со инуслинска пумпа. Време е да почнете на пациентите со дијабетес да им ја овозможите целосно и анти – дијабетната терапија, за да полесно се спречуваат компликациите. Често пати ни се кажува дека нема средства, дека не можеме да ги имаме како другиот нормален свет. А кога ги немаме овие терапии и помагала. ние лицата се дијабетес ја плаќаме цената со нашето здравје и живот!,’ пишува во соопштението на Сојузот на дијабетичари на Македонија.
„Веруваме дека, може да не разберат сите, зошто сме незадоволни од властите, сите ние како претставници на над 130.000+ лица со дијабетес во Р.С. Македонија, сакаме конечно да видиме промени во начинот на третирање на нашите барања за соодветна грижа и спречување на сериозните здравствени компликации со кои се соочуваат лицата со дијабетес во РС Македонија,“ додаваат од Сојузот.
Дума.мк