Курбан Бајрам – неработен за граѓаните од муслиманска вероисповед
Објавено: 14 јули, 2021, во 14:14 часот
Првиот ден на Курбан Бајрам – 20 јули, вторник, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија, согласно со Законот за празниците на РМ, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството на граѓаните од муслиманската вероисповед во земјава им го честитаат празникот Курбан Бајрам.


