Македонците најмалку јадат месо во Европа
Според мапата за потрошувачката на месо по земји во Европа, објавена од „Landgeist“, Македонците, Албанците, Турците и жителите на Молдавија се земји каде што најмалку се консумира месо. Годишно овие земји консумираат по 39 килограми месо.
Најголема потрошувачка на месо во регионот има Хрватска со 80 килограми по жител, а потоа се Црна Гора со 78 и Словенија со 70 килограми месо по жител. Србите во просек годишно јадат по 56 килограми месо, а граѓаните на Босна и Херцеговина 43 килограми.
Шпанија е на прво место во Европа со 99 килограми месо по жител. Втора е Португалија со 95 килограми, а на трето место е Исланд со 91 килограм месо по жител.
Податоците на „Landgeist“ за потрошувачката не месо не ги вклучуваат рибата и морските плодови.
Дума.мк