Вевчани се спрема за карневалот!

Објавено на 4 јануари, 2013 во 17:37

Годинешните вевчански маски нема да се селектираат откако дел од ланските беа оценети како навредливи за муслиманите во земјава. Во престрет на годинешнава манифестација градоначалникот на Вевчани Перо Илиевски рече дека никој не може да се меша во маските и во нивната селекција а од минатото треба да се извлечат поуки.

 

Лани дел од вевчанските маски разгневија околу три илјади муслимани кои протестираа со паролите „Смрт за каурите“ и „Долу, Вевчани“. И струшкиот муфтија побара извинување и оставка од градоначалникот на Вевчани, по што следеше соопштение дека манифестацијата е отворен театар со слободен дух, кој нема интенција никого да навреди.

ИВЗ лани побара Министерството за култура во иднина да не поддржува вакви манифестации.  Годинава заменик министерот за култура Драган Недељковиќ истакна дека на министерството му е задоволство да бидат дел од карневалот.

Традиционално, на Василица, карневалот се случува на вевчанските улици. Карневалџиите преку маски ја прикажуваат досетливоста и исмевањето на општествените појави. Карневалот нема режисер, туку се се одвива спонтано. За да се уништи злото сите маски се палат на крајот на манифестацијата.

Традицијата преставува спој меѓу паганството и модерното. Таа е долга повеќе од 1.400 години, колку и селото Вечани.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.